Дигитален водич за гости

Вашиот апартман, достапен 24/7 со едно скенирање.

Наместо да одговарате на истите прашања преку Viber, WhatsApp и Booking, дајте им на гостите сè на едно место — WiFi, упатства, препораки и итни контакти, преку еден QR код.

Помалку пораки. Помалку повици. Повеќе време.

Секој нов гостин поставува исти прашања. Digital Guest Guide им дава веднаш одговор — без да чекаат вас.

Без дигитален водич

  • ✕ „Која е WiFi лозинката?"
  • ✕ „Во колку часот е check-out?"
  • ✕ „Каде има добар ресторан?"
  • ✕ „Како се пали климата?"
  • ✕ „Кој број да го јавам во итен случај?"

Со Digital Guest Guide

  • Сè достапно со едно скенирање
  • Одговори веднаш, во секое време
  • Пораки и повици сведени на минимум
  • Попрофесионално искуство за гостите
  • Повеќе слободно време за вас

Што добивате

Комплетна платформа, подготвена за вашиот апартман, со сè што ви треба за да го автоматизирате комуницирањето со гостите.

Персонализирана платформа

Веб-страница направена конкретно за вашиот апартман, со негов изглед и содржина.

Модерен и професионален изглед

Чист дизајн што остава добар прв впечаток кај секој гостин.

Пристап без апликација

Отвора се директно во прелистувачот, на секој мобилен телефон.

QR код за апартманот

Уникатен код за поставување во просторот, спремен за печатење.

Линк по резервација

Испратете го веднаш по резервацијата, пред пристигнувањето.

Повеќе јазици

Гостите ја читаат содржината на јазикот што им одговара.

Администраторски панел
Прикажи WiFi лозинка
Check-out време11:00 часот
Препорачан ресторанКај Владо, 4 мин пешки
Зачувај промени
Администраторски панел

Вие го контролирате секој детал, без програмер.

  • 1 Менувате WiFi лозинка во секое време
  • 2 Додавате нови контакти и известувања
  • 3 Ажурирате правила за престој и check-in/out
  • 4 Додавате ресторани, активности и знаменитости
  • 5 Менувате фотографии и итни контакти
  • 6 Ги следите рецензиите од гостите

Секоја промена е видлива кај гостите веднаш, во реално време.

Сè што му треба на гостинот, на едно место.

Информациите се организирани прегледно, како апликациите на почетниот екран на телефонот.

WiFi
Контакт
Check-in/out
House Guide
Ресторани
Активности
Информации
Рецензии
Итни контакти
Апартман Central · Скопје
QR код систем

Секој апартман добива свој уникатен код.

  • Скенирање

    Гостинот го скенира QR кодот поставен во апартманот, или го добива линкот веднаш по резервацијата.

  • Моментален пристап

    Отвора се веб-водичот со сите информации, без инсталирање апликација.

  • Самостојно снаоѓање

    Гостинот има сè потребно за целиот престој, без да мора да ве контактира за секоја ситница.

Пакети и цени

Изберете го пакетот што најдобро одговара на вашиот апартман.

Основен пакет
3.990 ден
  • Персонализирана дигитална платформа за вашиот апартман
  • QR код систем и линк по резервација
  • Администраторски панел за самостојно ажурирање
  • Поддршка за повеќе јазици
  • Хостирање на апликацијата на сопствен поддомен
    (пр. imeapartman.aguide.mk)
Ексклузивен пакет
7.990 ден

Сè од Premium QR пакетот, плус:

  • Ексклузивен сопствен домен
    (пр. www.dreamapartment.mk)
  • Персонален hosting со името на апартманот / фирмата
  • SSL сертификат и целосна техничка поддршка
Секој апартман добива сопствен поддомен на веб-апликацијата, на пр. imeapartman.aguide.mk — брзо, безбедно и достапно веднаш по нарачката. Во Ексклузивниот пакет ова се надградува до целосно сопствен домен со име на вашата фирма или апартман.

За кого е наменето

Апартмани Airbnb сместувања Booking објекти Вили Хотели Хостели Студија Соби за издавање

Подигнете го искуството на вашите гости.

Помалку прашања, повеќе организираност и професионален впечаток од првиот момент на престојот.

За нарачки и прашања

Контакт лице: Игор — јавете се, пишете или посетете го сајтот за нарачка на вашиот пакет.